Алумни

Драги НИЗовци,

Од своето основање во 1994 година, НИЗ претставува заедница на студенти, истражувачи и ентузијасти посветени на науката и природата. Со воспоставувањето на Алумни заедницата, НИЗ има за цел да ги обнови и зацврсти врските со своите поранешни членови, поттикнувајќи чувство на припадност и континуирана соработка. Преку оваа иницијатива, здружението станува место за средби, размена на искуства и идеи меѓу различни генерации, создавајќи мрежа на професионалци кои со своето знаење и влијание придонесуваат за понатамошниот развој на науката и општеството. Дополнително, Алумни заедницата ќе допринесе за поврзување на студентите со бизнис секторот и научните институции и организации, со цел подобрување на знаењата и можностите за истражување и работа.

Пристапувањето кон Алумни заедницата на НИЗ можете да го направите со пополнување на пристапницата на следниот линк: https://forms.gle/UA5YYPiJUcZoaYfm8

Ви благодариме на соработката!