Европски фармацевтски летен семинар

Европски фармацевтски летен семинар (European Pharmaceutical Summer Seminar – EPSS) претставува проект кој се реализира традиционално веќе четири години, во Охрид,  формиран во 2016 година под иницијатива на студентите при Факултетското студентско собрание при Фармацевтски Факултет (ФССФФ) во Скопје и студентите од Научно Истражувачко Здружение – НИЗ.

Целта на семинарот е да им овозможи континуирана едукација на студентите на актуелни теми од фармацијата преку претставување на информации од најновите достигнувања во науката. Почетокот на организирање на семинарот го обележаа првите семинари  кои беа на теми поврзани со медицинската употреба и значењето на канабисот (Cannabis spp.). 

Семинарот е со интернационален карактер, каде што учество земаат студенти од многу европски земји, меѓу кои:  Австрија, Данска, Грција, Романија, Молдавија, Кипар, Турција и многу други. На овој начин преку летниот семинар студентите по фармација им е овозможено да се поврзат со колеги од Европа со цел размена на знаења, идеи и градење на основа за понатамошна соработка.

Во реализација на овие проекти учествуваат студенти од Фармацевтскиот  факултет при УКИМ, Медицинскиот факултет од УГД,  како и студенти по фармација од странство. Стручниот дел на проектот е во целост раководен од професори и асистенти од Фармацевтскиот факултет во Скопје, Медицински факултет во Скопје, Природно-математичкиот факултет во Скопје, како и соодветни специјалисти од пракса. Освен студенти од странство, гостуваат и професори и асистенти од странство кои се засегнати и работат на тековните проблематики.

Досега се организирани следниве семинари: 

„Психоактивни природни компоненти”, петти Европски фармацевтски летен семинар (2023) 
„Стандарди за квалитет во производство на канабис”, четврт Европски фармацевтски летен семинар (2019) 
„Futucanna”, трет Европски фармацевтски летен семинар (2018) 
„Рушење на митови околу канабис”, втор Европски фармацевтски летен семинар (2017) 
„Канабисот како храна, додаток во исхрана и лек”, прв Европски фармацевтски летен семинар (2016)