Извештај за теренски проект на Попова Шапка и Жировница, 2025

Во периодот од 15-ти до 25-ти Јули 2025 година, Научно Истражувачко Здружение – НИЗ го организираше својот 32 летен теренски проект . На проектот учество земаа 25 членови на здружението, од кои 22 студенти на Фармацевтски факултет-Скопје. Место на одвивање на проектот првенствено беше Националниот Парк Шар Планина, но дел од активностите се одвиваа и на територија на НП Маврово. Проектот се одвиваше под менторство на Проф. Д-р Ѓоше Стефков.

Теренските активности беа поделени во три етапи:

1. Проценка на годишната продукција на боровинка и модра смрека на територијата на НП Шар Планина

2. Теренски снимања со дигитални технологии – дронови со мултиспектрална камера и рачен спектрометар

3. Собирање на медицински и ароматични растенија, нивна детерминација и понатамошна фитохемиска анализа (пост-теренски лабораториски активности); Овој дел од проектот се одвиваше на две локации – Попова Шапка (НП Шар Планина) и с. Жировница (НП Маврово).

Првата етапа од теренските активности – проценка на ресурсите на боровинка и смрека е долгогодишен проект на НИЗ кој има за цел да допринесе за одржливо искористување на овие природни ресурси. Во 2024 година беа поставени оградени површини за годишна проценка на ресурсите на боровинка и смрека, при што како продолжение на проектот истите беа обработени.

Како дополнителнување на проектот, терените дополнително беа снимани со дронови со мултиспектрална камера и рачен спектрометар со цел корелација со теренските податоци. Младите истражувачи преку обука добија можност да се запознаат со нови технологии за теренски мерења.

Галеријата од проектот може да ја погледнете овде.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You may also like these