Извештај за теренски проект на Галичица и Попова Шапка, 2026

Во текот на летото 2026 година, Научно Истражувачко Здружение – НИЗ го организираше својот 33 летен теренски проект. Првиот дел се одвиваше од 13 до 20 јули, на територија на Националниот парк „Галичица“, а вториот дел се реализираше од 7 до 11 август на територија на Националниот парк „Шар Планина“. На проектот учество земаа 24 студенти, под менторство на Проф. Д-р Ѓоше Стефков. Во реализација на теренските и научно-истражувачките активности учествуваа и научни соработници од Институтот за биолошки истражувања „Синиша Станковиќ“ (ИБИСС), Република Србија, како и од Универзитетот во Фрибург, Швајцарија.

Теренските активности беа поделени во две етапи:

1. Теренски активности на територија на НП Галичица

2. Теренски активности на територија на НП Шар Планина

Теренските истражувања беа насочени кон проучување и проценка на распространетоста, бројноста и состојбата на природните популации на планински чај (Sideritis raeseri), модра боровинка и смрека.

Овогодишните истражувања беа дополнети и надградени со активности во рамки на проектите „Хемо-маркери на засегнати растителни заедници во РС Македонија“ чиј раководител е асистент Филип Тодоров и „Интеграција на мултиспектрални и фитохемиски анализи за детекција и мониторинг на виталноста и еколошкиот стрес кај диворастечки лековити растенија“ под раководство на Алекс Јачовски.

Значаен дел од теренските активности беше посветен на примената на современи методи за далечинско и спектрално истражување. Избраните површини беа снимени со дрон опремен со мултиспектрална камера, а паралелно беа извршени и мерења со рачен спектрофотометар.

Како здружение, сакаме да упатиме огромна благодарност до нашите спонзори, кои ни дадоа неизмерна подршка при реализација на 33. Летен Теренски Проект : Македонско фармацевтско друштво, Лабораторија РАМУС, Македонија лек, Варус, Галениум Фарм, Фармацевтска комора, Еурофарм, Фармахем, Гинекаликс, Мако Маркет, Млекара Вардарец, Mama’s food, Аква Дејон Плус, Кожувчанка, Синалко, Ресторан Јавор Агапи Мрзенци, како и до Црвен крст Охрид-Велестово, Институт за Екологија и Технологија при Тетовскиот Универзитет и Фармацевтскиот факултет при УКИМ.


Галеријата од проектот може да ја погледнете овде.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You may also like these