Во периодот од 13.07 до 18.07, 2021 година, НИЗ го организираше својот 28-ми теренски проект под наслов „Лековитата флора на планината Јабланица“. На проектот земаа учество 27 членови на здружението, студенти на Фармацевтски факултет-Скопје. Местото на одвивање на проектот беше планината Јабланица, поточно со сместување во селото Горна Белица.
Во текот на проектот студентите предводени од Проф. Д-р Ѓоше Стефков, имаа за цел собирање на лековити и ароматични растенија и нивна идентификација. Како дел од теренските активности беа опфатени и етнофармаколошки активности и собирање на народни рецепти.
Галеријата од проектот може да ја погледнете овде.