Извештај за теренски проект на Кожуф, 2022

Во јули 2022 година, Научно Истражувачко Здружение – НИЗ го организираше теренскиот проект „Лековита флора на планината Кожуф, 2022“.  Во проектот земаа учество 25 членови на здружението, студенти на Фармацевтски факултет-Скопје и Земјоделски факултет во Скопје, УКИМ. Место на одвивање на проектот беше планината Кожуф, а членовите беа сместени во населеното место Смрдлива Вода. Проектот се одвиваше под менторство на Проф. Д-р Ѓоше Стефков.

Теренските истражувања беа поделени на две етапи:

1. Проценка на состојбата на популациите на модра боровинка (Vaccinium myrtillus и Vaccinium uliginosum) и нивниот ресурсен и економски потенцијал на планината Кожуф

2. Идентификација, собирање и сушење на медицински и ароматични растенија од планината Кожуф


Проценка на популациите на модра боровинка na планината Кожуф

Во склоп на теренскиот проект „Лековита флора на планината Кожуф, 2022“, беше реализиран проектот „Проценка на состојбата на популациите на модра боровинка (Vaccinium myrtillus и Vaccinium uliginosum) и нивниот ресурсен и економски потенцијал на планината Кожуф“. Овој проект на Научно Истражувачко Здружение – НИЗ беше поддржан од Македонско Еколошко Друштво – МЕД  со мал грант преку Програмата за поддршка на млади еколози „Д-Р ЉУПЧО МЕЛОВСКИ“ за 2022 година .
 
Целта на овој проект беше да се процени ресурсниот и економскиот потенцијал на модра боровинка (Vaccinium myrtillus и Vaccinium uliginosum) на планината Кожуф, преку теренска проценка на годишното производство на плодови и листови, како и анализа на важноста на боровинките за локалното население.

Беа направени вкупно 33 трансекти. Листовите беа собрани од 15 трансекти.  Височината на која беа направени трансектите беше во опсег од 1650 до 2100 метри. Направените мерења се одвиваа пред периодот на берење.
По берењето, листовите се оставаа да се сушат. Плодовите беа изброени за секој трансект поединечно. Податоците беа соодветно евидентирани.

Признание

Како здружение, пред сè, сакаме да упатиме голема благодарност до нашите спонзори, кои ни дадоа неизмерна поддршка при реализација на проектот:

Рош, Фармацевтски факултет-Скопје, Македонско Фармацевтско Друштво, Фармацевтска Комора на Македонија, Млекара Вардарец, Фармахем, Рамус лаб, Македонија лек, Хемофарм, Гинекаликс, Интереврогенекс, Алкалоид, Роса Вита аптеки-Битола, Дез-про ДООЕЛ, Макпрогрес, Аква Дејон Плус.

Голема благодарност упатуваме до мештаните во населеното место Смрдлива Вода, за нивната гостопримливост и помош во текот на одвивањето на проектот.


Галеријата од проектот може да ја погледнете овде.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You may also like these