Постколоквиумска мотивирачка екскурзија во Крушево, 2025


Екскурзијата во Крушево се реализираше во периодот од 21 до 23.11.2025 година под целосна организација на ССФМ.
За време на патувањето и престојот, студентите имаа можност да посетат повеќе значајни и интересни локации. Беа посетени градот Прилеп, историското место Мечкин Камен, споменикот Илинден – Македониумот, манастирот Свето Преображение, и Спомен куќата на Тоше Проески.

При тоа, студнетите се запознаа со духовното и културното наследство на регионот. Престојот во Крушево беше заокружен со посета на Крушевското Езеро, кое остави силен впечаток со својата природна убавина.

Оваа екскурзија претставуваше значајно и незаборавно искуство за сите студенти од Фармацевтскиот факултет. Покрај едукативниот карактер, екскурзијата придонесе за создавање нови пријателства, зајакнување на меѓусебната комуникација и стекнување вредни искуства се со цел поуспешна меѓустудентска соработка во иднина!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You may also like these