Извештај за теренски проект на Попова Шапка, 2023

Во периодот од 21 до 31 Јули 2023 година, Научно Истражувачко Здружение – НИЗ го организираше својот 30 летен теренски проект на Шар Планина. На проектот учество земаа 20 членови на здружението, од кои 22 студенти на Фармацевтски факултет-Скопје. Членовите беа сместени во планинарскиот дом Смреки на Попова Шапка.

Теренските активности се одвиваа во 2 етапи:

1. Проценка на состојбата и ресурсите на модра боровинка и смрека во НП Шар Планина со метода на линиски трансект;

2. Идентификација и собирање на медицински и ароматични растенија.

Конципиран како повеќегодишен проект, целта на проценката на ресурсите на модра боровинка и смрека е да даде основа за одржливо искористување на ресурсите на овие природни производи. Дополнително, ќе придонесе за осознавање на ресурсите во НП Шар Планина со цел воспоставување практики на правилно управување со природните производи.

НИЗ упатува голема благодарност до нашите поддржувачи при реализација на проектот: Фармацевтски факултет-Скопје, Македонско фармацевтско друштво, Млекара Вардарец, Лабораторија Рамус, Аква Дејон Плус, Винчини, Гинекаликс, Алкалоид Скопје и Макс Струмица.

Покрај гореспоменатите активности, нашите млади истражувачи се запознаа со локалното население и стекнаа нови пријателства. Голема благодарност и до Национален Парк Шар Планина за соработката и за нивната гостопримливост и помош во текот на одвивањето на проектот.

Галеријата од проектот може да ја погледнете овде.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You may also like these