Во периодот од 21 јули до 1 август 2024 година, Научно Истражувачко Здружение – НИЗ го организираше својот 31 летен теренски проект . На проектот учество земаа 25 членови на здружението. Место на одвивање на проектот беше Националниот Парк Шар Планина, а активностите се одвиваа на Љуботен и Попова Шапка. Членовите беа сместени во ПД Љуботен и Институт за Екологија и Технологија на Попова Шапка. Проектот се одвиваше под менторство на Проф. Д-р Ѓоше Стефков.
Теренските активности беа насочени кон проценка на годишната продукција на боровинка и модра смрека на територијата на НП Шар Планина. Целта на проектот е да допринесе за одржливо искористување на овие природни ресурси во националниот парк. За таа цел, како продолжение на активностите од 2023 година беа поставени експериментални оградени површини кои што ќе служат за годишна проценка на приносот на овие природни производи.
Галеријата од проектот може да ја погледнете овде.